д-р Горан Кузевски - специјалист епидемиолог
ВД Директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп
Дејност на центарот
Дејноста на Центарот е превентивна заштита, која отфаќа вршење на работите на санитарно-хигиенска, епидемиолошка, лабораториска и социјално-медицинска дејност за подрачјата на општините Прилеп, Крушево и Македонски брод. Нашата организација е дел од мрежата за јавно здравје, која е составена од јавните здравствени установи – центри за јавно здравје, кои ја вршит дејноста на јавното здравје на сите нивоа на здравствената заштита, чија стручна работа е координирана од Јавната здравствена установа – Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија.
Внатрешна организација на центарот
Организацијата на работата на Центарот се заснова врз начелата на достапност, рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита.
1) Одделение за хигиена со здравствена екологија:
– Отсек за санитарни прегледи, училишна хигиена и исхрана.
– Отсек за комунална хигиена, безбедност на храна и санитарно-хемиска лабораторија.
2) Одделение за епидемиологија:
– Отсек за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
– Отсек за превенција и контрола на заразни болести.
3) Одделение за микробиологија со паразитологија:
– Отсек за бактериологија, серологија и паразитологија.
– Отсек за санитарна микробиологија.
4) Одделение за социјална медицина со организација на здравствена дејност.
За вршење на правни, сметководсвено-финансиски, административно-стручни и општи работи во Центарот се организираат внатрешни организациони единици согласно прописите на администативни службеници и вработените во јавниот сектор.
