Контакт телефон за закажување на приватни тестирања за Ковид 19

076 443 369

cjz4

Јануари-Месец на свесност за ракот на грлото на матката 

Јануари е месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката, негова превенција и рано откривање и има за цел да ја истакне важноста од  вакцинацијата против Хуман папилома вирус (ХПВ), главната причина за рак на грлото на матката и да се охрабрат жените да одат на редовни скрининг прегледи за превенција и рано откривање на ракот на грлото на матката (ПАП и ХПВ тестови). 

Глобално, ракот на грлото на матката е четвртиот најчест рак кај жените.  

Во 2022 година, имало над 660 000 ново дијагностицирани и околу 350 000 смртни случаи од рак на грло на матка во светот.  

На секои две минути по една жена некаде во светот умира од рак на грлото на матката. 

9 од 10 смртни случаи од рак на грлото на матката се случуваат во земјите со ниски или средни приходи. 

Ракот на грлото на матката се развива во грлото на матката на жената, долниот дел од матката, кој се отвора во вагината. 99% од сите случаи на рак на грлото на матка се предизвикани од високо ризични онкогени типови на хуман папилома вирус (ХПВ)70% од ракот на грло на матка е предизвикан од ХПВ типови 16 и 18. ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува по сексуален пат или пак по пат на контакт на кожа со кожа.  Повеќето ХПВ инфекции се елиминираат од имунолошкиот систем и не предизвикуваат никакви симптоми. Но, во случаи на ослабен имунитет инфекцијата може да перзистира и да доведе до развој на рак на грлото на матката. Најчести симптоми на рак на грлото на матката се: 

-нередовно крварење помеѓу менструациите, по менопаузата или по сексуален однос; 

-зголемен или вагинален исцедок со непријатен мирис; 

-постојана болка во грбот, нозете или карлицата; 

-губење на тежина, замор и губење на апетит; 

-вагинална непријатност; 

-оток на нозете. 

Веднаш посетете лекар ако имате некој од наведените симптоми. 

Ракот на грлото на матката во раните фази може да не покажува симптоми. Затоа е важен редовниот скрининг за рак на грлото на матката, дури и ако се жените се вакцинирани против ХПВ. 

Преку превенција, скрининг и третман, може да се стави крај на ракот на грлото на матката како проблем со јавното здравје во рок од неколку генерации. 

Постигнувањето на таа цел се потпира на три клучни столба и нивните соодветни цели: 

Вакцинација: 90% од девојчињата целосно вакцинирани со вакцината против хуман папилома вирус (ХПВ) до 15-годишна возраст; 

Скрининг:  На 70% од жените со помош на ПАП тест со високи перформанси до 35-годишна возраст, а потоа и до 45-годишна возраст; 

Третман: 90% од жените со преканцерозна состојба третирани и 90% од жените со инвазивен рак третирани. 

Добрата вест е дека ракот на грлото на матката може лесно да се спречи преку вакцинација против ХПВ и редовен скрининг. 

До сите девојки и жени, пораките од Месецот на свесноста за ракот на грлото на матката се јасни: 

Информирајте се: За ХПВ, особено како се пренесува и како треба да се заштитите од инфекцијата со ХПВ, за ракот на грлото на матката, вклучително и на кои знаци треба да внимавате. Помогнете во едукацијата и на другите жени во вашиот живот. 

Вакцинирајте се: ХПВ вакцината се дава во 2 или 3 дози кои треба да започнат кога девојчето има 12 години. ХПВ  вакцините се безбедни, ефикасни со висок имунолошки одговор. 

Направете скрининг: Процедурата е безболна и брзаРедовните скрининг прегледи (ПАП и ХПВ тестови) овозможуваат рано откривање на преканцерозни промени и навремена интервенција. Доколку ракот на грлото на матката се открие рано, тој е лесно лечив 

 

Подготвил: 

д-р Аксиња Гарбеска-Кебакоска 

специјалист по социјална медицина  

clz33

Со цел намалување на преваленцата на употребата на тутун и тутунски производи кај младата популација во текот на 2025 година беа спроведени здравствено-воспитни активности во основните училишта за зголемување на свесноста кај младата популација за опасностите и штетните ефекти на тутунот.

cjz22

Употребата на алтернативни тутунски производи кај младата популација во нашата земја во последниве години покажува нагорен тренд. Податоците добиени од ЕСПАД истражувањето спроведно кај ученици на возраст од 15-16 години покажува дека 30% од учениците во 2024 година користеле електронски цигари, наспроти 21% во 2019 година. 34,9% изјавиле дека користеле наргиле барем еднаш во животот.33% од учениците користеле традиционални цигари. 2.9 % од нив почнале да пушат уште на 9 години, а на 13 години стапката се зголемила на 13%.Со цел намалување на преваленцата на употребата на тутун и тутунски производи во текот на 2025 година беа спроведени здравствено-воспитни активности во средните училишта за зголемување на свесноста кај младата популација за опасностите и штетните ефекти на тутунот.

GK

Денес, претставникот на СЗО во Северна Македонија, д-р Аким Али, оствари посета на општина Прилеп. При средбата со градоначалникот на општина Прилеп, г-н Дејан Проданоски, и директорот на Центарот за јавно здравје Прилеп, д-р Горан Кузески, договоривме засилена соработка во борбата против пушењето.
🔹 Клучни точки:
• Зајакнување на центрите за откажување од пушење. • Вклучување на училиштата, невладиниот сектор, инспекторатите и бизнис-заедницата. • Координирани локални активности за намалување на употребата на тутун.
💙 Само заедно можеме да изградиме поздрави навики и посилна заедница!

1. ДЕКЕМВРИ  2025:  Совладување на  препреките и трансформација на борбата против  СИДА

Светскиот ден на борба против СИДА-та,кој секоја година се одбележува на 1 декември, е глобална иницијатива посветена на подигнување на свеста за ХИВ/СИДА и давање поддршка на лицата кои живеат со ХИВ и нивните семејства. Иако антиретровиралната терапија во последните децении потполно го трансформира животот на болните, глобалниот одговор на ХИВ се наоѓа под ćе поголем притисок. Поради тоа Светската здравствена организациј (СЗО) за 2025 година ја избра темата:  ,,Совладување на препреките,трансформација на одговорот кон AIDS”. Овој фокус повикува на препознавање на препреките кои го кочат напредокот и обединување на напорите до исполнување на целта:  ставање крај на СИДА-та како закана по јавното здравје до 2030 година.По децении напредок, одговорот наХИВ се наоѓа на раскрсниц. Услугите кои спасуваат животи се нарушени, а многу заедници се соочуваат со зголемени ризици и ранливост.Според  СЗО и УНАИДС трансформацијата на одговорот на ХИВ се заснова на 3 столба:


1. Интеграција во примарната здравствена заштита – тестирањето, советувањето и терапијата треба да станат дел од редовниот здравствен систем и да бидат достапни за секого, без стигма.

2.  Елиминација на нееднаквоста- адолесцентите,жените, припадниците на ЛГБТ заедницата  и други ранливи групи и понатаму имаат најмал пристап до превенција и лекување.

3. Јакнење на улогата на заедницата –невладините организации и локалните групи и понатаму се единствени кои допираат до ранливите групи. Нивната улога мора да биде препозната, поддржана и финансирана

Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ, од 1987 година до 2025 се регистрирани 726 случаи на ХИВ/СИДА, но во последните години се бележи нагорен тренд.Во 2025 години се регистрирани 38нови случаи случаи  на ХИВ/СИДА. Од нив 27 лица се со ХИВ, 11 лица се со СИДА, а од нив регистрирани се 8 смртни случаи.Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а е во опсег од 23 до 64 години, 5 лица се  со хетеросексуална трансмисија и 29 лица од МСМ популацијата.Со воведувањето на антиретровирусната терапија ,преживувањето на лицата кои живеат со ХИВ е значително подобрена и во последните 10 години од 447 регистрирани случаи регистрирани се 33 смртни случаи.Клучни предизвици во нашата заедница се: касно откривање и отпочнување со терапија, стигма и централизација на ХИВ услугите.  Голем процент од лицата на кои им се дијагностицира ХИВ се наоѓаат во поодмината фаза на инфекцијата, што значи потежок тек на болеста и полош исход.  Заради страв од препознавање многу лица од помалите средини доаѓаат да се тестираат во поголемите градови .Сепак, целта – ставање крај на епидемијата до 2030 година е достижна , но само со менување на пристапот. Улогата на секој поединец  е поголема од колку што делува. Затоа :

Тестирајте се - тестирањето е брзо, доверливо и бесплатно, а раното откривање на вирусот значи дека брзо ќе ја започнете терапијата.


Применувајте ги превентивни мерки

Укинете ја стигмата  - зборовите на поддршка и разговор без осуда представуваат мали чекори кои можат да променат нечиј живот.

Едукативна трибина за превенција на кардиоваскуларни болести по повод Светскиот ден на срцето

Д-р Аксиња Гарбеска-Кебакоска специјалист по социјална медицина со организација на здравствена дејност од нашата установа беше предавач на едукативна трибина што се одржа по повод 29 Септемви-Светскиот ден на срцето, во организација на Здружение за развој и едукација-Прилеп и Здружение за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес Сина Револуција – Прилеп, каде зборуваше за јавно-здравствените аспекти на кардиоваскуларните болести, за најчестите ризик фактори, за чување и унапредување на здравјето преку прифаќање на здрави животни стилови, како најважен метод во превенција на кардиоваскуларните болести. На трибината се зборуваше и за најчестите кардиоваскуларни болести, за дијагнозата и третманот на истите и за здравата исхрана со посебен акцент кај луѓето со дијабетес како една од најризичните групи за кардиовскуларните болести.

29 Септември Светски ден на срцето

29 Септември-Светски ден на срцето е глобална кампања за подигање на свесноста кај луѓето за значењето на срцето и КВБ (Кардиоваскуларните болести), која ги поттикнува луѓето да се грижат за своето срце, а лидерите да обезбедат глобална платформа за акција, како би се намалила оптовареноста од КВБ низ цел свет. Оваа година е 25 годишнина од одбележувањето на Светскиот ден на срцето, но и по 25 години целта и мисијата остануваат исти, тоа е грижата за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем.

ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ПРИЛЕП ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД КРУШЕВО ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ ИСПРАВНА

После извршените три последователни бактериолошки и хемиски анализи на водата од Градскиот водовод во Крушево, ги информираме жителите на град Крушево дека водата бактериолошки и хемиски е безбедна за пиење.

ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ПРИЛЕП ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД КРУШЕВО ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА

При редовна контрола на квалитетот и безбедноста на водата за пиење во градскиот водовод во Крушево, од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп е констатирано отсуство на резидуален хлор во водата, како и микробиолошка неисправност, односно наод на бактерии од цревно потекло и зголемен број колонии на бактерии на 22 и 37 степени, заради што на ден 29.07.2025г. се известени надлежните институции во државата ( Агенција за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Министерство за здравство-сектор превентивна здравствена заштита, РЦУК), како и надлежните во ЈКП Комуна -Крушево.

31 МАЈ - СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ТУТУН

Секој ден, тутунските и никотинските индустрии користат внимателно дизајнирани производи и измамнички тактики за да привлечат нова генерација корисници и да ги задржат постојаните. Затоа овогодинешната кампања по повод Светскиот ден без тутун ќе се фокусира на откривање на тактиките што ги користат тутунската и никотинската индустрија за да направат нивните штетни производи да изгледаат привлечни.

Вредна донација од Genterm Prilep: Електронски микроскоп за подобрување на микробиолошката дијагностика

Голема благодарност до Genterm Prilep за вредната донација – електронски микроскоп, кој претставува значаен придонес за унапредување на основната микробиолошка дијагностика. Оваа донација ќе помогне во прецизна и навремена анализа, што е од суштинско значење за здравјето на нашата заедница.

7 април, Светскиот ден на здравјето ,,Здрави почетоци, надежна иднина’’

Оваа година на 7 Април, Светскиот ден на здравјето, започнува глобална кампања за здравјето на мајките и новороденчињата. Кампањата под мотото ,,Здрави почетоци, надежна иднина’’ има за цел да се стави крај на смртните случаи на мајките и новороденчиња и да се даде приоритет на долгорочното здравје и благосостојба на жените.

СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕБЕЛИНАТА 2025 СИСТЕМСКИ МЕРКИ ПРОТИВ ДЕБЕЛИНАТА

Дебелината не е само проблем на поединците. Предолго, одговорите на кризата со дебелината беа фокусирани на поединците. Време е да го свртиме вниманието кон системите што ни откажуваат (здравствени системи, владини системи, системи за храна, медиуми и средини во кои работиме и живееме). Проблемот со дебелината не произлегува само од лошите избори на поединците, туку и од системи кои поттикнуваат нездрава исхрана( рекламирање и зголемена потрошувачка на храна богата со сол, транс масти и шеќери), слаба физичка активност и неадекватна здравствена грижа. Сите овие системи придонесуваат за зголемување на стапката на дебелина низ светот.

4 Февруари-Светски ден на ракот

Светскиот ден на ракот е меѓународен ден кој се одбележува секој 4 Февруари за да се подигне свесноста за ракот, да се поттикне неговата превенција и да се мобилизираат активности за справување со глобалната епидемија на рак. Темата на кампањата за Светскиот ден на ракот 2025-2027 година, „Обединети од уникатност“ ги става луѓето во центарот на грижата и истражува нови начини за правење разлика. Ракот е повеќе од само медицинска дијагноза - тоа е длабоко лична работа. Зад секоја дијагноза се крие единствена човечка приказна - приказни за тага, болка, исцелување, издржливост, љубов и многу повеќе. Затоа, пристапот насочен кон грижата за луѓето заболени од рак кој целосно ги интегрира уникатните потреби на секој поединец, со сочувство и емпатија, води до најдобри здравствени резултати.

Браво! Кој друг ако не “Витаминка” – Нова вредна донација, овојпат во Центарот за јавно здравје – Прилеп

Изразувам голема благодарност до менаџерскиот тим на ПИ Витаминка АД Прилеп за донираната компјутерска опрема. Донацијата се состои од:
-5 деск топ компјутери
-1 сервер
-3 печатачи и
-надворешни SSD мемории.
-Донираната компјутерска опрема ни е потребна за воспоставување на напреден здравствен информатички и комуникациски систем како и надградба на постоечките електронски евиденции, а со цел побрза и поефикасна размена на информации и соработка меѓу пациентите, Центарот за јавно здравје и останатите здравствени установи – информираат од ЦЈЗ Прилеп.

Голема благодарност до Мермерен комбинат АД Прилеп за вредната донација за Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Вчера, Мермерен комбинат АД Прилеп донираше опрема и апаратура за санитарно- хемиската и микробиолошката лабараторија за ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп. Донацијата се состои од: турбидиметар, мултиметар односно мултифункционален апарат што претставува кондуктометар и PH метар како и дестилатор и мини центрифуга. Ги споделуваме и изјавите од директорот на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп како и директорот на Мермерен комбинат Прилеп. “Изразувам голема благодарност до менаџерскиот тим на Мермерен комбинат АД Прилеп затоа што со оваа донација ќе се подобри функционирањето на веќе воспоставениот систем за управување со квалитет согласно стандардот ISO 17025 во однос на контролата на испитување, безбедноста и исправноста на водата за пиење а со тоа и подобра и поквалитетна здравствена заштита на граѓаните”, истакна Др. Горан Кузевски специјалист епидемиолог и директор на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп.

10 октомври-Светски ден на менталното здравје
‘’Време е да се даде приоритет на менталното здравје на работното место’’

Светскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври. Темата за оваа година поставена од Светската федерација на ментално здравје е ‘’Менталното здравје на работното место’’. Темата ја нагласува важноста на менталното здравје и благосостојба на работното место, во корист на луѓето, организациите и заедницата. Работата има огромно вилјание врз нашето ментално здравје, давајќи ни чувство на цел, ја зголемува нашата самодоверба и дава можности за поврзување со другите. Но, исто така работата може да биде извор на стрес и анксиозност и да придонесе за развој и влошување на проблеми со менталното здравје.

КАМПАЊА НА СЗО/ЕВРОПА „РЕДЕФИНИРАЈ ГО АЛКОХОЛОТ“

СЗО ја повикува Европа да ја преиспита улогата на алкохолот во општеството!
Алкохолот е причина за речиси 1 од 10 смртни случаи во Европа. Новата кампања на СЗО/Европа има за цел да го промени тоа. Алкохолот е поврзан со над 200 болести, меѓу кои најмалку седум видови на рак, вклучувајќи рак на дојка и дебелото црево. Алкохолот во моментов е директно одговорен за 8,8% - речиси 1 од 10 - од вкупните смртни случаи во Европа. Сепак, и покрај овие сериозни здравствени ризици и штетни исходи, само помалку од половина од Европејците се свесни за врската помеѓу алкохолот и ракот.

Користи го срцето за акција“

По повод Светскиот ден на срцето, 29 септември, под слоганот „Користи го срцето за акција“, одржана здравствено-едукативна активност за превенција на кардиоваскуларните болести во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп.

29 септември, Светски ден на срцето - “Користи го срцето за акција”

29 септември, Светскиот ден на срцето, под темата “Користи го срцето за акција” е глобална кампања за подигање на свеста за значењето на кардиоваскуларните болести (КВБ), која ги поттикнува луѓето да се грижат за своето срце, а лидерите да обезбедат глобална платформа за акција, како би се намалила оптовареноста од кардиоваскулaрни болести низ цел свет.

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека во периодот од 16.09.2024 до 04.10.2024 год. екипи на Центарот за јавно здравје- Прилеп ќе ја спроведуваат есенската превентивна систематска дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци (родентициди) а предмет на третирање ќе биде подземниот канализационен систем на градот i градската депонија во месноста Алинци.

Светски ден на здравјето 2024: „Моето здравје, мое право“

Светскиот ден на здравјето се слави секоја година на 7 април, одбележувајќи го основањето на Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година. Овој ден е посветен на подигање на свеста за критичните здравствени проблеми со кои се соочува светот и мобилизирање напори за нивно решавање.

Национален месец за подигање на свеста за ракот на дебело црево

Ракот на дебело црево или колоректален карцином е втор карцином по зачестеност во Европа, со повеќе од 500 000 новодијагностицирани случаи годишно. Во светски рамки во 2020 год., регистрирани се околу 2 милиони нови случаи (10% од сите канцери) и околу 1 милион смртни случаи од колоректален карцином.

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАТА, 1. ДЕКЕМВРИ

Секоја година 1-ви декември се одбележува како Меѓународен ден за борба против СИДА-та. Овој ден е посветен на подигнување на свеста за еден од најсериозните здравствени предизвици на денешницата и поттикнување на глобално заедништво во превенцијата на оваа болест.

Светски ден на дијабетот

,,Знајте го вашиот ризик, знајте го вашиот одговор’’ Во 2023 година, кампањата по повод Светскиот ден на дијабетот, ќе се фокусира на важноста да се знае ризикот од дијабетес тип 2 за да се помогне во одложување или спречување на состојбата и да се потенцира влијанието на компликациите поврзани со дијабетот и важноста да се има пристап до вистинските информации и грижа за да се обезбеди навремено лекување.

Светски ден на ментално здравје 2023

Светскиот ден на менталното здравје 2023 година е можност луѓето и заедниците да се обединат под темата „Менталното здравје е универзално човеково право“ за да го подобрат знаењето, да ја подигнат свеста и да поттикнат акции кои го промовираат и штитат менталното здравје на сите , како универзално човеково право.

Светски ден на срцето 2023 година

Светскиот ден на срцето е потсетник за сите ширум светот да се грижат за своите срца. Овогодинешната кампања се фокусира на суштинскиот чекор прво да ги запознаеме нашите срца. Затоа што кога знаееме повеќе, можеме подобро да се грижиме.

Светски ден на физичката активност

Биди активен и уживај секој момент во предизвикот!
Светскиот ден на физичката активност се одбележува со цел да се поттикне секој од нас да биде физички активен за подобро глобално здравје! СЗО ја дефинира физичката активност како секое телесно движење произведено од скелетните мускули со кое се троши енергија. Физичката активност со умерен и енергичен интензитет го подобрува здравјето.

Едукативни предавања

Во склоп на активностите за одбележување на Светскиот ден на борба против ХИВ / СИДА се одржаа едукативни предавања меѓу учениците во неколку прилепски училишта со цел запознавање со основните факти и мерките за превенција од оваа болест.

ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Прилеп

Препораки за заштита од Корона Вирусот

ЦЈЗ ЈЗУ ПРИЛЕП

Дејности

Микробиологијата со паразитологијата како медицинска гранка ја проучува етиологијата на инфекциите, ја усмерува антибактериската терапија и ја обработува методологијата и нивната специфична дијагностика…

Епидемиологија е наука за факторите кои влијаат врз здравјето и болестите кај населението и претставува основа и логика на интервенциите кои се вршат во интерес на јавното здравје и превентивната медицина…

Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето…

Санитарно – хигиенската дејност ја обавува одделението по хигиена и здравствена екологија…

Советувалиштa

Советувалиште CJZ JZU PRILEP
Советувалиште за откажување од пушењето
centar za javno zdravje prilep
Советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје
ХИВ тестирање Прилеп
Советувалиште за доверливо, доброволно советување за ХИВ тестирање