Одделение за Хигиена со Здравствена Екологија

Д-р Петар Оханесјан - специјалист по хигиена со здравствена екологија

Повеќе за оддел по Хигиена со Здравствена Екологија

Одделението за хигиена со здравствена екологија го проучува и следи меѓусебното влијание помеѓу човекот и надворешната средина, предлага и спроведува мерки за спречување и подобрување на факторите кои го нарушуваат здравјето, како и мерки за зачувување и унапредување на човековата животна и работна средина.

Во одделението за хигиена со здравствена екологија, кое претставува посебна организација и работна целина во Центарот за јавно здравје – Прилеп, влегуваат два отсеци:

  • Отсек за комунална хигиена, безбедност на храна и санитарно-хемисла лабораторија.
  • Отсек за санитарни прегледи, хигиена на исхрана и училишна хигиена.

Согласно законските препораки, Центарот за јавно здравје, преку санитарно-хигиенската дејност на своето подрачје ги извршува следните програмски предвидени задачи:

  1. Следење на состојбата со водоснабувањето и квалитетот на водата за пиење и предлагање соодветни мерки за снабдување на населението со здравствено исправна вода за пиење.
  2. Следење на површинските води од здравствен аспект и отстранувањето на отпадните материи.
  3. Следење на квалитетот на воздухот и влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението.
  4. Следење на здравствената безбедност на храната.
  5. Следење на исхраната и ухранетоста на населението.
  6. Следење на болничката исхрана.
  7. Следење на ризикот од санитарно-хигиенските услови во образовните институции.
  8. Спроведување на здравствено-санитарни прегледи.
  9. Спроведување на здравствено-воспитни активности.
  10. Спроведување на обука за хигиена на храната и за заштита на човековата средина.

Просторното преуредување и реконструкцијата на одделението, како и набавката на нова опрема, многукратно го подобрија квалитетот на извршуваните задачи, го скратија времето на реализација на обврските, продонесоа за целосно искористување на кадровскиот потенцијал, се зголеми стручниот капацитет за решавање на проблемите поврзани со јавното здравје на населението.

  • Учеството на одделението во повеќе проекти на Министервото за здравство , како и реализацијата на многу проекти на локално ниво, пред се Визибилити студија за пречистителна станица на отпадните води во Прилеп, реконструкција на водоводната прежа во градот и многу други активности, ги етаблираа Одделението за хигиена со здравствена екологија и Центарот за јавно здравје, како дел од основните фактори и носители на јавно здравствената функција во регионот. Како потврда за тоа е учеството на стручен кадар од одделението во Здравствениот совет на локалната самоуправа, во Центарот за управување со кризи и другите тела на локално, регионално и подрачно ниво.

  • Поставувањето на јасни прецизни цели, како дефинирањето на правилна стратегија за развој, постојана надградба и осовременување на методологијата за работа, континуираната едукација на кадарот, отворањето нови работни места и нивно потполнување со млад и квалификуван кадар, во иднина ќе претставуваат главна движечка сила во реализација на основните задачи со што и понатаму Центарот за јавно здравје, преку одделението по хигиена ќе претставува јадро на превентивната дејност и основен носител на функцијата за заштита и унапредување на здравјето на населението и човековата средина.