Одделение за социјална медицина со организација на здравствена дејност

Д-р Аксиња Гарбеска-Кебакоска специјалист по социјална медицина
- Ја следи здравствената состојба на населението со посебен увид во состојбата на здравјето на одделни популациони групи, утврдува приоритети и предлага мерки за нејзино подобрување.
- Ја следи и проучува здравствената култура и однесувањето на наслението, ги идентификува ризик факторите кои влијаат врз здравјето, утврдува приоритетни здравствени проблеми и предлага мерки и активности за нивно надминување.
- Ги следи демографските и виталните карактеристики на населението.
- Прибира, контролира, обработува и анализира здравствено-статистички податоци од здравствените установи на подрачјето на центарот, за мрежата на здравствени установи, обезбеденоста и структурата на кадарот, посетите и регистрираниот морбилитет и морталитет, со посебен акцент на хроничните незаразни заболувања.
- Ја следи и проучува организацијата на системот на здравствена заштита, обезбеденоста со здравствени установи и опрема, бројот, видот и профилот на вработениот кадар, неговото стручно усовршување и професионален развој. Изготвува планови и програми, предлага мерки и активности за развој на здравствената заштита и здравствената служба.
- Спроведувa здравствено воспитни активности во разни средини, со опфат на целокупното население, со посебен акцент на вулнерабилните групи, а се со цел промоција на здравје и превенција на болестите, пред се на оние кои имаат социјално-медицинско значење преку организирање на предавања, трибини, настани и информации во сретствата за јавно информирање, одбележување на Светски денови, недели и изготвување на здравствено пропаганден материјал.
- Советување и едукација на вулнерабилни групи во советувалиштето за пушење и советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје.
- Спроведува научни истражувања од областа на јавното здравје и ги користи резултатите од тие истражувања за предлагање на политики за надминување на здравствените проблеми и подобрување на здравствената состојба на населението.
- Професионално учествува во стручни тела во изготвување на стратегии, програми и прописи од областа на јавното здравје.