ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА СО ПАРАЗИТОЛОГИЈА

прим. Д-р. Елена Милошкоска Богојеска
специјалист по микробиологија со паразитологија

Одделението за микробиологија со паразитологија Прилеп врши јавно здравствена и специјалистичка микробиолошка дејност за населението во регионот на Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Микробиолошката дејност во рамките на своето делување ги обавува следните задачи:

  • Поставување на етиолошка дијагноза на заразни заболувања.
  • Микробиолошки и паразитолошки анализи за ретроспективни епидемиолошки испитувања.
  • Контрола на превземени мерки (стерилизација, антибиограм, имунизација, ефекти од лекување и друго).
  • Микробиолошки испитувања на вода за пиење, површински води, животни намирници, предмети за општа употреба и работни услови  за производство и промет на животни намирници.
  • Обезбедува вирусолошка дијагностика на одделни заразни заболувања, како и дијагностика при епидемиолошки испитувања.

Отсек за бактериологија, серологија и паразитологија кој ги има следните лаборатории:

  • Лабораторија за респираторни инфекции.
  • Лабораторија за серолошки анализи – крв.
  • Лабораторија за урогенитални инфекции и рани.
  • Лабораторија за енеропатогени инфекции и за паразитологија.

Отсек за санитарна микробиологија кој ги обавува следните дејности

  • Микробиолошка исправност на хлорирани, нехлорирани и отпадни води.
  • Микробиолошка исправност на прехрамбени продукти од производство и промет.
  • Контрола на чистота на работни површини во болница и стерилност на хируршки инструменти.
  • Контрола на чистота на работни површини и предмети во објекти за производство и промет на храна.

Со реновирањето на просторот од лабараторијата се овозможи подобра организација на просторот,  апаратите и работата во истата. Со развојот во областа на дијагноза  и  препораки за терапија т.е. по европски стандарди за намалување на резистенција кон антибиотици  ние сме првата линија која препорачува  терапија која делува надобро на одредена изолирана бактерија.

Последниве години со развојот на новите методи во областа на дијагноза на  вирусните заболувања нашата лабораторија се опреми со најсовремените апарати за нивно докажување на молекуларно ниво. За потребите на нашето население се прават анализи за кои мораа да одат во Скопје. Во најскоро време започнува со работа и лабараторијата за докажување на SARS-CоV-2  вирус и антитела.

Следењето на новините од областа на дијагностиката на микробиологијата и воведувањето на нови методи и следење на антимикробната резистенција  и борба против истата е една од нашите обврски за подобрување на здравјето на нашето население.