Одделение за административно - технички работи, човечки ресурси и материјално финансиско работење

Одделението се грижи за  спроведување и почитување  на правната регулатива, законските прописи од областа на  работните односи, законските и подзаконските акти од областа на здравствената заштита, законските прописи од областа на јавните набавки и законските прописи од областа на сметководството.

Ова одделение ги извршува следните функции :

  • Ги изготвува актите на Центарот и врши контрола врз нивното спроведување.
  • Обезбедува правилна примена од Законот за здравствена заштита.
  • Организира и спроведува архивско работење и архивирање на акти.
  • Изготвува и склучува договори со коминтенти.
  • Спроведува постапки на јавни набавки за склучување на договори.
  • Води материјално финансиско книговодство, книговодствена евиденција, изготвува финансиски план, периодични и завршни пресметки.