ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА

Прим.Д-р. Татјана Станимирковиќ
специјалист по епидемиологија

Епидемиолошката дејност во Република Северна Македонија се спроведува врз основа на Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести, подзаконски акти од оваа област, како и врз основа на годишните Програми кои ги донесува Владата на Република Северна Македонија.

Согласно наведената законска регулатива и препораките на глобалната политика ,,Здравје за сите” и политиката ,,21 цел за 21 век”, во идниот период потребно е значајно намалување на негативните ефекти на одредени заразни заболувања врз здравјето на населението и обезбедување на контрола, елиминација и ерадикација на тие заразни болести.

Одделението по епидемиологија во својот состав има два отсеци:

  1. Отсек за контрола и превенција на зарзни болести;
  2. Отсек за дезинфекција,дезинсекција и дератизација.

Отсек за контрола и превенција на заразни болести

Учествува во реализација на активности и мерки за процена на епидемиолошката ситуација, следење на морбидитетот и морталитетот од одредени заразни болести на подрачјето на Прилепскиот регион, благовремено откривање на епидемии  и предлагање  на мерки за превенција и унапредување на здравјето на населението во однос на заразните болести.

Мерки и активности

  1. Прибирање, обработка и анализа на податоци за здравствената состојба , заболување и смртност од одредени заразни заболувања, спроведување на мерки за спречување, сузбивање, елиминација и ерадикација на одредени заразни болести и епидемии, нови заразни болести и болести од посебно социо-медицинско значење.
  2. Контрола над спроведувањето на задолжителната имунизација.
  3. Вакцинација по епидемиолошки индикации.
  4. Надзор над болнички стекнатите инфекции.
  5. Доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи болести.
  6. Следење, превенција и контрола на вектор-преносливите инфекции.
  7. Здравствено воспитување.
  8. Следење и превенција на инфекција  со SARS CoV-2 (КОВИД-19).
  9. Отсек за ДДД Активности
  10. Планирање и спроведување на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација -профилактички и по епидемиолошки индикации.