Советувалиштa

Советувалиште за откажување од пушењето

Советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје

10.26.2022
30.09.2021
15.09.2021
20.08.2021
15.10.2021
Во склоп на активностите за одбележување на Светскиот ден на борба против ХИВ / СИДА се одржаа едукативни предавања меѓу учениците во неколку прилепски училишта со цел запознавање со основните факти и мерките за превенција од оваа болест.
Тестирањето за ХИВ е единствен начин да се утврди дали некој е заразен со ХИВ вирусот, предизвикувач на сидата. Тестирањето за ХИВ треба да биде составен дел од грижата за здравјето на секој поединец, а осебно на оние кои се однесуваат ризично.
‘’Користете срце за секое срце’’ 29 септември, Светскиот ден на срцето е можност секој да застане и да размисли како најдобро да го искористи срцето, за човештвото, за природата и за себе. Заболувањата на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт на глобално ниво, со околу 18,6 милиони смртни случаи годишно. Најчести причини за појава на овие заболувања се висок притисок, прекумерна телесна тежина, нездрава храна, висок холестерол, физичка неактивност, дијабет, пушење, употреба на алкохол, загаден воздух. Со контролирање на овие ризик фактори може да се превенираат кардиоваскуларните болести.
Доењето е еден од најефикасните начини за чување на здравјето на детето. Мајчиното млеко е идеална храна за доенчињата. Безбедно, чисто и содржи антитела кои помагаат во заштитата од многу детски болести. Мајчиното млеко ја обезбедува целата енергија и хранливи материи што му се потребни на доенчето за првите месеци од животот и продолжува да обезбедува до половина или повеќе од нутритивните потреби на детето во текот на втората половина од првата година и до една третина во текот на втората година од животот.
Штетното влијание на тутунската индустрија врз животната средина е огромно и расте, вршејќи непотребен притисок врз и онака оскудните ресурси и кревките екосистеми на нашата планета.
Дали можеме да го замислиме светот во кој чистиот воздух, вода и храна се достапни за сите, каде економиите се фокусирани на здравјето и благосостојбата, и каде градовите се погодни за живеење, а луѓето имаат контрола врз нивното здравје и здравјето на планетата?
Додека светот денес се бори со COVID-19 пандемијата, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.
СЗО неодамна започна со едногодишна глобална кампања за Светскиот ден без тутун 2021 - „Посвети се за да се откажеш’’, која има за цел да даде поддршка на 100 милиони луѓе ширум светот во нивниот обид да се откажат од пушење преку разни иницијативи, достапност до услуги и дигитални решенија.
ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Прилеп
Микробиологијата со паразитологијата како медицинска гранка ја проучува етиологијата на инфекциите, ја усмерува антибактериската терапија и ја обработува методологијата и нивната специфична дијагностика…
Епидемиологија е наука за факторите кои влијаат врз здравјето и болестите кај населението и претставува основа и логика на интервенциите кои се вршат во интерес на јавното здравје и превентивната медицина…
Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето…
Санитарно – хигиенската дејност ја обавува одделението по хигиена и здравствена екологија…